← Назад кон сите вести
Занимливости

Жолтите лубеници од Kурија се хит ова лето

Жолтите лубеници од Kурија се хит ова лето

Овој наслов е од текст објавен на 15 август 2016 година на порталот Зелена Берза   а веста за жолтите лубеници произведени во село Курија, преку слики на една од социјалните мрежи се проширила во Тиквешијата и подалеку. 

 

Вистински хит се ова лето жолтите лубеници што се родија во нивата со бостан на неготинката Лилјана Вучкова, во селото Kурија, општина Неготино. Од малото место кое важи за мека за производство на овој вид овошје со години наназад, веста за жолтите лубеници преку слики на една од социјалните мрежи, се прошири во Тиквешијата и подалеку. Сите посакаа да пробаат од лубениците кои во внатрешноста немаат боја црвена како жар, туку жолта како сонцето под кое се раѓаат во срцето на Македонија. И вкус како мед.“

 

Според професор д-р Ристо Вучков од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, разликата помеѓу црвените и жолтите лубеници е само во сортноста.

 

– И двете сорти се со извонреден квалитет и корисни за јадење. Жолтите се некако потрајни, па затоа и се нарекуваат есенско-зимски, ако се чуваат соодветно, може да се јадат и во јануари или во февруари – рече Вучков.

 

Исто така од жолтата лубеница може да правите и прекрасни овошни салати, а интересно ќе биде и ако ја помешате со класична лубеница.

 

 


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар