← Назад кон сите вести
Курија

Сликите зборуваат погласно од било кој збор.

Сликите зборуваат погласно од било кој збор.
Тажната слика на селската црква во с. Курија

 

Додека се гордееме со нашата историја и вера, сликите од селската црква во село Курија не покажуваат  слика на вековно опстојување, туку слика на современа негрижа, длабока запоставеност и тотална неодговорност.

 

Погледнете ја „грижата“ во неколку чинови:

 

❌ Вратите се затворени, ама негрижата влегува слободно, на влезот не пречекуваат расфрлани цевки и градежен шут.

❌ Додека зад камениот ѕид се наѕира црквата, пред него владее хаос. Сува, непокосена трева виси преку ивичниците, а наоколу е расфрлано ѓубре. Врв на сето тоа се купишта дрва. 

 

Ова не е само слика за с. Курија, ова е слика за сите нас. Дали е ова неодговорност на локалната заедница? Дали е ова негрижа на надлежните институции? Или пак е запоставеност на нашата свест како поединци? Неприфатливо е едно свето место да биде оставено во ваква состојба, како напуштен објект без сопственик и без историја.

 

Сликите зборуваат погласно од било кој збор. Ова не е објава за да се посочуваат и бараат виновници, туку за да се разбуди почит и свесност кон сопственото наследство. Наша должност е да го зачуваме она што ни е оставено. Светилиштето во село Курија не заслужува да биде жртва на нашата рамнодушност.


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар