← Назад кон сите вести
Курија

Село Курија

Село Курија

Во Република Македонија, по Вардарската долина во близина на Неготино се наоѓа селото Курија. На двете страни од реката Луда Мара распослани  80-тина куќи, а во околината богато земјиште на кое се одгледуваат разни земјоделски култури.

 

До селото се доаѓа по асвалтен пат од Неготино во должина од околу 9 километри или преку Градско на надвозникот кај Kукуричани низ Гоцевата шума* по асвалтен пат во должина од 3 километри.

 

За жал, миграцијата во 80-тите години од 20-тиот век не го одмина и село Курија, како и многуте други села во Македонија. Многу семејства се иселија во околните градови по подобра заработувачка.  Сепак денес селото продолжува да живее во духот на новото време со променет лик и некои нови „клинци“.

 

 

 

Земјоделието е основната дејност во селото од која се живее со сите проблеми што ги носи македонското земјоделство.Најзастапена е виновата лоза, патлиџаните, бостанот, пиперките, а се одгледува и ориз. Сепак може да се каже дека лозарството е доминантна култура.

 


 * Површината на која денес се наоѓа Гоцевата шума била пошумена есента 1972 година,  во чест на 100 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тоа бил државен проект на Инвестицискиот фонд за пошумување на голините. Биле пошумени околу 350 хектари површина со зимзелени и листопадни дрвја, црн бор, маслинка, чемпрес и кедар.


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар