← Назад кон сите вести
Курија

Повик до сите добронамерни луѓе со корени од село Курија

Повик до сите добронамерни луѓе со корени од село Курија

Твојот корен е во Курија! 🏡 Каде и да те однел патот низ светот, сигурно во срцето носиш парче од родното место.

 

Се сеќаваш ли на приказните за задружниот дом каде ечеше целото село? Се сеќаваш ли на студената вода од селските чешми? На селското игралиште и „ФК Младост“? Денес овие објекти се руинирани и заборавени, но тие НЕ СМЕАТ да бидат избришани од нашите спомени. 

 

Покренавме независен веб-портал за да го спасиме ова наследство и ни треба твојата помош:

  • Пребарај ги старите семејни албуми.
  • Пронајди фотографии или документи од задружниот дом (игранки, кина, состаноци) и чешмите од минатиот век.
  • Испрати ни ги во порака  преку контакт формата на  сајтот! 

Да изградиме вечен дигитален споменик за нашите предци кои со мака го градеа ова село. 

 

Прочитај го целиот повик и вклучи се тука:  🔗 https://kurija.netmkd.mk  

 

#СелоКурија #Тиквешија #Неготино #ДигиталнаАрхива #Спомени #Курија 


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар