← Назад кон сите вести
Занимливости

Kрушата на Лиле од село Курија

Kрушата на Лиле од село Курија

Дрвцето круша на неготинката Лилјана Вучкова вторпат годинава роди плодови. Тоа дрвце се наоѓа во нејзиниот двор во неготинското село Курија, а Лиле во изјава за МИА, потенцира дека вториот пат крушите се поголеми. 

 

– Сево ова предизвика интерес кај мои познаници. Едни велат машала, блазе тебе. Од други се поставува прашањето дали ова можеби е знак за сушна зима, судбината предупредува дека е потребна храна оти ни доаѓа долга и студена зима, или којзнае што друго, додава Вучкова.

 

Таа открива дека дури имала и совети, да ги скине плодовите, да ги пресече на половинки и да ги замрзне, па да ги подари доколку и побараат луѓе што посакуваат рожба. 

 

Текстот е објавен на 29 октомври 2023 година и во целост можете да го прочитате на страницата на  порталот Независен


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар