← Назад кон сите вести
Курија

Игралиштето

Игралиштето

Селското игралиште или игралиштето на ФК „Младост“. Сон на некогаш  многу  генерации дека еден ден можеби ќе бидат некоја фудбалска ѕвезда, дека ќе играат во некој познат фудбалски клуб. За жал,  остана само сонот неотсонуван и сите завршуваа тука каде и што ги почнаа во селскиот клуб.

 

Имало, не дека немало талентирани фудбалери (некои од нив имале и прекари на некои светски или тогаш југословенски фудбалски имиња), но кој знае од кои причини останувале на почетокот, во  ФК „Младост“ или некаде локално/регионално.

 

Денеска игралиштето e руинирано, запоставено, само поголемо место каде децата играат фудбал, а можеби и тие го сонуваат сонот за некој познат фудбалер. Кој знае?


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар