← Назад кон сите вести
Новости

Асвалтиран патот Курија-Паликура

Асвалтиран патот Курија-Паликура

На 25 септември, 2014 година официјално е пуштен во употреба асвалтираниот пат Курија - Паликура во должина од 3 километри кој ги поврзува општините Росоман и Неготино. Неговата изградба чинела 350 илјади евра. На пуштањето покрај градоначалниците на двете општини, Стојанче Лазов и Ванчо Апостолова  пруствува и министерот за транспорт и врски Миле Јанкиевски.

Според нив реконструкцијата на овој патен правец ќе има и големо влијание во развојот на економијата,  овозможува скратување на патувањето од Неготино до Росоман за цели 11 километри. Задоволни од новиот пат се и жителите на Паликура и Курија. Истакнале дека сега  ќе им биде многу полесно бидејќи полесно и побезбедно ќе пристапуваат до лозовите насади и до пазарите.

 

 


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар